Апсолутно заслужено: Ајакс е шампион на Холандија

Фудбалерите на Ајакс апсолутно заслужено ја прекинаа доминацијата на ПСВ Ајндховен во холанскиот фудбал, стигнувајќи до шампионската титула во домашното првенство. За гигантот од Амстердам ова е 34. шампионски трофеј во клупската историја, прв по пауза од пет години, извонредна утеха по несреќната елиминација во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Иако вечерва можеа да си дозволат и пораз, избраниците на Тен Хаг одиграа одлично на гостувањето против Де Графшап, триумфирајќи со 1-4 на гостувањето против Де Графшап. Тадиќ ја заокружи извонредната сезона со два погодоци на денешниот натпревар, додека по еден гол постигнаа Шене и Талјафико.

ПСВ Ајндховен во последното коло го совлада Хераклес со 3-1, но тимот на Марк ван Бомел на крајот мораше да се задоволи со епитетот вицепрвак, со три бода заостанување зад Ајакс.

Се вчитува...