Никола Митревски доби значајно признание на само неколку дена пред стартот на ЕП 2022, откако македонскиот репрезентативец беше избран за најдобар голман во Португалија за 2021 година. Станува збор за избор што го организира португалскиот ракометен портал „7 Metros”, чии читатели му дадоа апсолутна доверба на Митревски по одличните настапи како член на Порто.
Македонецот брани во извонредна форма во дресот на Порто, помагајќи му на својот тим да доминира на португалската ракометна сцена, но и да бележи добри резултати во Лигата на Шампионите.
Тој освои повеќе од половина од вкупните гласови, точно 1768 од вкупно 3387 гласа завршија на адреса на македонскиот чувар на мрежата, за кого ова ќе биде дополнителен мотив пред настапот за Македонија на европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА