Палмер Кол е добитник на престижната награда за најдобар млад фудбалер во Премиер-лигата што традиционално се доделува во елитното англиско фудбалско друштво.
Овој 22-годишен играч имаше сезона за паметење во дресот на Челси, постигнувајќи 22 гола и 10 асистенции во дресот на „сините“, со што е најзаслужен што оваа екипа е многу блиску до обезбедување излез во фудбалска Европа.
Во конкуренција за оваа награда на финалниот список беа уште и Фоден, Халанд, Исак, Маино, Сака, Салиба и Удоги, но Кол освои најмногу гласови и се закити со признанието.
Тој е првиот фудбалер на Челси по пауза од десет години што стигнува до оваа награда, по Еден Азар во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА