„Апсурдно е на Новак да не му дозволат да игра во САД“

Новак Ѓоковиќ следната недела ќе игра на турнирот во Дубаи, но мали се шансите наскоро да биде виден во САД. Поради сегашните правила за влез на странци во САД, Новак се уште не може да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами поради тоа што не е вакциниран.

Некогашниот број еден Џон Мекенро уште еднаш го крена гласот против правилата кои не дозволуваат најдобриот тенисер на светот да игра во Америка. Тој смета дека би било штета доколку американската публика не го види оваа сезона.

„Би било апсурдно да не му дозволиме да игра на Индијан Велс и Мајами или на кој било друг турнир во САД, особено на УС Опен. Ова е историски момент во нашиот спорт, кога тој и Рафа се на по 22 гранд-слемови. Тоа е многу интересно и ако ме прашате мене, навистина би било штета да не влезе во земјата“, заклучи Мекенро.

Се вчитува...