Марко Аранутовиќ, преискусниот австриски репрезентативец со српско потекло дебитираше во дресот на Црвена Звезда на натпреварот против Линколн добивајќи шанса во 73. минута.
Напаѓачот не го круниса дебито со гол, но остави добар впечаток на големо задоволство на навивачите. Нив им се обрати и со посебна порака на социјалните мрежи.
„Овој ден никогаш нема да го заборавам. Делије фала на поддршката. Одиме понатаму“, стои во објавата на новиот голгетер на „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

