Кристијано Роналдо во февруари ќе го прослави својот 40 роденден, но не размислува за фудбалска пензија. Сепак, легендарниот португалски фудбалер е во дилема каде да ја продолжи кариерата. Неговиот договор со Ал Наср истекува на 30 јуни оваа година.
Како што пренесуваат светските медиуми, Кристијано Роналдо нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, но не е сигурно дека ќе ја продолжи соработката со Ал Наср бидејќи наводно се појавила уште една (подобра) понуда.
Во Саудиска Арабија кружат гласини дека шампионот Ал Хилал покажал интерес за Кристијано Роналдо, особено ако Бразилецот Нејмар не го продолжи договорот. Во исто време, преговорите за продолжување на договорот на Роналдо треба да ги води спортскиот директор на Ал Наср и поранешен капитен на Реал Мадрид, Фернандо Јеро.
Според Си-Ен-Ен, Португалецот сака што побрзо да ја реши својата иднина, најдоцна до крајот на јануари. Вреди да се напомене дека за разлика од Ал Наср, Ал Хилал ќе учествува на Светското клупско првенство. Тоа е натпреварување кое секако го привлекува Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА