Челниците на Барселона јасно му ставија до знаење на Роберт Левандовски дека актуелниот договор нема да му биде продолжен, па полскиот ветеран почна да ги разгледува опциите што ги има на маса.
Тој јасно стави до знаење дека не размислува за пензија, по што агентот Пини Захави почна преговори со клубовите кои покажаа интерес да го доведат Полјакот во своите редови. Италијанскиот гигант Милан подготви понуда, интерес постои и од Чикаго фајр од МЛС-лигата, но Левандовски моментно се наоѓа најблиску до преселба во Саудиска Арабија.
Имено, понудата што Захави ја добил од оваа земја е за неколку пати повисока од оние на Милан и на Чикаго. Иако Левандовски сака да продолжи во Европа, свесен е и дека ова му е последна шанса за топ-заработка во светот на фудбалот, па Полјакот сега се посериозно размислува за преселба „на исток“.
Сепак, како што рече и самиот, нема да брза со одлуката и се очекува истата да ја донесе дури по завршувањето на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

