Кевин де Бруине сериозно ја разгледува опцијата за преселба во Саудиска Арабија летово, откако неколку клубови од оваа земја изразија желба да го доведат белгискиот фудбалски генијалец во своите редови.
Де Бруине има уште една година од договорот со Сити, англискиот првак е подготвен да го продаде ако добие богата понуда, а по се изгледа желба на самиот фудбалер е да се пресели во нова средина и добро да заработи.
Тоа го потврдува и последната изјава на Де Бруине за белгиските медиуми, со која тој широко ја отвора вратата за саудиските клубови да тргнат во офанзива за негов потпис.
„Саудиска Арабија? На моја возраст треба да си отворен за сите опции.Говориме за неверојатни суми на пари пред самиот крај на мојата кариера, секако дека треба добро да се размисли. За мојата сопруга е сосема ОК да има егзотична авантура. Ако играм во Саудиска Арабија во следните две години, би заработил неверојатна сума. Веќе 15 години играм фудбал во Европа и севкупно немам зарботено толку пари колку што ми нудат. Затоа, треба добро да се размисли пред да се донесе одлука за иднината“, изјави Де Бруине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА