Повремениот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев ова лето ќе има нов клуб. Тој веројатно ќе остане во Швајцарија откако два тима се заинтересирани за неговите услуги. Тимовите на Арау и на Ксамакс се во трка за потписот на крилниот играч. Тоа се клуботи кои се дел од „Челенџ“ лигата во Швајцарија, втора по ранг во оваа земја.
Ѓорѓев минатата сезона како позајмен настапуваше во Шафхаузен, но загуби во баражот за пласман во „елитата“ на Швајцарија. Ѓорѓев е сега слободен играч, откако му истече договорот и со Грасхоперс.
Во минатото тој настапуваше за Арау шест месеци како позајмен, а беше дел и од Твенте. За серниорскиот македонски национален тим одигра пет натпревари, а седум меча играше за младата селекција. Беше дел од младата репрезентација на ЕП 2017 година во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

