Арбелоа: Ако барате виновник, тоа сум јас…

Алваро Арбелоа уште еднаш покажа знаци дека не поседува капацитет да го води дрим-тимот на Реал Мадрид, откако „кралевите“ загубија со 4-2 од Бенфика и паднаа надвор од Топ 8, па ќе мораат да играат и во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите.

Овој стратег неодамна беше елиминиран од Копа дел реј од второлигашот Албасете, а сега доживеа фијаско и во елитното европско натпреварување. Арбелоа не го криеше разочарувањето по мечот во Лисабон во кој беше целосно надмудрен од страна на Жозе Мурињо.

„Ни недостигаа толку многу работи. Знаевме со каков противник играме, се подготвувавме, но кога излеговме на теренот не видовме ништо. Очигледно е дека не го извлеков максимумот од мојот тим, а тоа е моја вина. Ако се бара виновник, тоа сум јас. Во толку многу работи бевме далеку под она за што сме способни, дозволивме на противникот да доминира… Поразот е чуден, боли… уште и со примен гол од голман во последните секунди. Ова првпат ми се случува откако сум тренер“, прокоментира Алваро Арбелоа.

Се вчитува...