Арбелоа е пресреќен: Се враќа клучен играч на Реал

Алваро Арбелоа не го криеше задоволството откако тренерот на Реал Мадрид за првпат како предводник на „кралевите“ ќе го има Едер Милитао.

Бразилскиот дефанзивец повеќе од четири месеци беше надвор од терените повредувајќи се додека Чаби Алонсо беше шеф на стручниот штаб на Реал. Арбелоа во голем дел од натпреварите во изминатиот период се мачеше да ја состави дефанзивната линија, но проблемите се значително намалени откако Милитао доби зелено светло од лекарскиот тим и својот камбек ќе го има викендов против Мајорка.

„Едер Милитао се враќа. Секако дека сум пресреќен поради тоа. Добиваме врвен играч, фудбалер што кога е здрав е еден од најдобрите во светот на својата позиција. Нема сомнеж дека ќе ни биде од голема помош во клучниот дел од сезоната“, истакна Арбелоа.

Се вчитува...