Арбелоа: Не сум загрижен за Куртоа затоа што и Лунин е одличен

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се осврна на многу теми пред утрешното градско дерби против Атлетико, нагласувајќи дека неговиот тим го пречекува со голем ентузијазам бидејќи тоа е една од најдобрите игри што може да ги доживее еден играч на кралскиот клуб.

По рутинската елиминација на Манчестер Сити во Лигата на шампионите, Реал го пречекува Атлетико во недела во 21:00 часот, а Арбелоа не ја криеше возбудата пред натпреварот.

„Пристапуваме со голем ентузијазам и возбуда. Знаеме дека е многу важен натпревар за нас поради тоа што значат овие три бода, поради навивачите и возбудата што е создадена. Ова е еден од најдобрите натпревари што можете да ги доживеете како играч, тренер и навивач. Едвај чекаме да го видиме полн Бернабеу бидејќи играме против фантастичен тим и пристапуваме со најголем ентузијазам“, беше јасен Арбелоа на почетокот на прес-конференцијата пред мадридското дерби.

Дека повредата на Тибо Куртоа, кој сакаше да го продолжи натпреварот против Манчестер Сити на средина од неделата и покрај повредите, не предизвика загриженост во Реал, сведочат и зборовите на тренерот дека има максимална доверба во Андреј Лунин.

„Секој пат кога играч ќе стапне на теренот, постои ризик. Многу малку фудбалери излегуваат на теренот без непријатност или болка. Кога дојде полувремето, тој сакаше да продолжи да игра, но решив да го сопрам поради најголемата доверба што ја имам во Лунин. Тоа е одлична можност и за него. Најдобриот голман во историјата е повреден, а имаме уште еден фантастичен голман кој ќе покаже колку е добар. Не сме поставиле временска рамка за неговото закрепнување“, беше јасен Арбелоа.

Се вчитува...