Арбелоа: Планот е Мбапе да игра на реваншот во Манчестер

Медицинскиот тим на Реал Мадрид прави се што може за што поскоро да го оспособи за игра Килијан Мбапе, па огромни се шансите Французинот наскоро да го видиме повторно во првиот тим на „кралевите“.

Првичните најави говореа дека Мбапе ќе паузира до крајот на месецов, но тренерот Арбелоа на прес-конференцијата пред дуелот со Елче обелодени дека се реални шансите Французинот да се врати веќе за реваншот против Манчестер Сити во осминафиналето од ЛШ, дуел закажан за вторник.

„Килијан тренира напорно, состојбата му се подобрува. Тој нема да игра со Елче, но планот е да може да биде во тимот за Манчестер. Да мине дуелот со Елче и в недела ќе донесеме одлука околу Мбапе, дали ќе игра со Сити“, изјави Алваро Арбелоа.

Се вчитува...