Арбелоа: Вини да кажеше дека не сака да продолжи да игра, ќе го напуштевме теренот во Лисабон

Тренерот на Реал Мадрид , Алваро Арбелоа, разговараше со медиумите пред утрешното гостување во Ла Лига против Осасуна.

„Кралевите“ се два бода пред Барселона на врвот на табелата, но главната тема на прес-конференцијата беше, секако, расистичкиот инцидент што избувна во Лисабон минатата недела, во кој Винисиус Жуниор го обвини играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, дека е наречен „мајмун“.

„Ваквите работи се неприфатливи и нема да ги толерираме. Ќе се спротивставиме на сите. Уште повеќе кога станува збор за наш играч. Ништо не може да го оправда таквото однесување. Винисиус беше тажен, исто и сите ние. Беше огорчен, и имаме можност да се бориме против ова. Тој да кажеше дека не сака да продолжи да игра, ќе го напуштевме теренот во Лисабон. Нема титула која ме прави толку горд како во вторник поради единството кое го покажаа сите“, рече Арбелоа.

Се вчитува...