Арбелоа: Винисиус треба да биде наш лидер

Тренерот на Реал Мадрид , Алваро Арбелоа, го коментираше триумфот од 2-1 над Бенфика во Лигата на шампионите , пофалувајќи го настапот на Аурелиен Чуамени и истакнувајќи ја клучната улога на Винисиус Жуниор.

Тој кажа дека Винисиус треба да е лидер на овој тим, и дека во последните денови многу разговорал со Чуамени за неговата игра.

„Ниту еден натпревар од Лигата на шампионите не е лесен во текот на сите 90 минути, секогаш мора да се биде внимателен. Противникот добро нè притискаше, а ние не знаевме како да ги искористиме празнините меѓу нивните играчи од средниот ред. Откако го поправивме тоа на полувреме, игравме подобро“, рече Арбелоа.

„Голот на Чуамени беше исклучително важен. Разговаравме за него во последните денови, Орелиен игра на величествено ниво. Ако успее да стигне до шеснаесетникот, ќе постигне многу голови“, објасни тренерот на кралскиот клуб, а потоа се осврна и на Винисиус.

„Винисиус одигра прекрасен натпревар, постигна гол и беше закана во секоја можност. Тој ни е потребен кога Мбапе не е на теренот. Мора да биде наш лидер, и околу него да се гради играта. Посакувам да проодлжи во исто ниво“, продолжи Арбелоа.

Се вчитува...