Арбелоа: Зборував со Чаби, фудбалерите се многу самокритични…

Алваро Арбелоа денеска ја почна својата ера како предводник на Реал Мадрид, откако поранешниот десен бек го прифати предизвикот да го води „кралскиот клуб“ по вчерашниот отказ на Чаби Алонсо.

Арбелоа, кој играчката кариера ја заврши токму меѓу „кралевите“, досега работеше со младинската екипа, што беше препорака кај Флорентино Перез да добие шанса и за работа со првиот тим.

„Ова е специјален ден за мене, нема да лажам, имам 42 години од кои 20 ги минав во Реал Мадрид. Свесен сум за одговорноста и високите цели што се зацртани, но јас со голема доза на ентузијазам влегувам во оваа авантура. Ќе бидам овде се додека Реал ме сака, ова е мојот дом и секогаш ќе биде така. Чаби? Разговарав со него веднаш штом дознав што се случило, сите што се овде знаат колку го ценам и го сакам Чаби Алонсо. И тоа ќе остане така, обострано“, истакна Арбелоа.

Потоа, новиот тренер се осврна и на играчкиот кадар што ќе го има на располагање во нападот на трофеите до крајот на оваа сезона.

„Имаме одлична екипа, овде се луѓа кои имаат и по шест титули европски прваци, но како некој тоа премногу брзо да го заборава. Не сум загрижен, момците е огромни професионалци, многу се самокритични и верувам деак заедно ќе одиме напред. Реал Мадрид ќе победува, победува и повторно ќе победува, тоа е во нашата ДНК. Кога бев фудбалер на Реал, ги примив тие вредности во соблекувалната крај сите тие асови со кои што играв. Сега ги гледам истите вредности и во оваа екипа на Реал Мадрид3, порача Алваро Арбелоа.

Се вчитува...