Арбелоа: Знам кој е проблемот на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не го криеше незадоволството по првиот пораз во Ла Лига под негово водство, 2-1 на гостувањето кај Осасуна во Памплона, со што заврши серијата од осум последователни победи.

Сепак, и покрај поразот то вели дека знае што треба да поправи неговиот тим.

„Тука сум шест недели и тимот сè уште ги има истите проблеми. Дали тоа е недостаток на интензитет? Не сакам така да го формулирам, туку едноставно мораме да одговориме на интензитетот на противникот. Нашите ривали секогаш го играат својот најдобар натпревар против Реал Мадрид. Верувам во моите играчи, навистина верувам. Не смееме да паничиме и да ја губиме вербата, затоа што пред нас има уште многу натпревари, а свесни сме дека не можеме сите да ги добиеме“, изјави Арбелоа.

Се вчитува...