Арби Воша е ново засилување на шампионот Струга ТЛ

Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ го претстави Арби Воша за свое ново засилување за новата сезона во која тимот од Струга ќе настапи во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Воша во Струга ТЛ доаѓа откако минатата сезона ја помина во редовите на Шкупи. Претходно во кариерата играше и за Македонија Ѓорче Петров.

Се вчитува...