Арби Воша го засили Тиквеш

Досегашниот играч од средниот ред на Шкупи, Арби Воша, во идната полусезона ќе настапува за кавадаречки Тиквеш. Тој се пресели во Кавадарци откако одигра скромна минутажа во тимот од Чаир.

Воша беше поранешен фудбалер на Македонија ЃП, од каде потоа се пресели во Струга ТЛ, пa на почетокот на сезоната замина во Шкупи. Оваа сезона одигра на 11 меча во Првата лига, или само 250 минути за чаирскиот тим.

Тиквеш почнува со формирање на тимот со кој ќе се бори за останување во Првата лига.

Се вчитува...