Фудбалерите на Македонија ЃП ги очекува тешко гостување денеска во Струмица против Академија Пандев во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Младинскиот репрезентативец Арби Воша вели дека желбата на сите во тимот е да се вратат непоразени од Струмица, иако се свесни дека ги очекува дуел со тежок противник.
„Играме против добар противник кој знае што сака, но ние имаме цел која треба да ја постигнеме со борбена игра и силен напор за да се вратиме од Струмица со позитивен резултат“ – вели Воша.
ПМФЛ – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС е слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

