Арби Воша: Тешко е да се ветува резултат против една Франција, но ќе го дадеме максимумот во Ле Ман

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година, под водство на новиот селектор Драган Канатларовски, на 2. септември против Франција во Ле Ман ги почнува квалификациите за ЕП 2023.

Националниот тим се соочува со проблеми поради отсуството на четворица важни фудбалери, но оние кои се на располагање на Канатларовски ветуваат максимална борба против големиот фаворит.

“Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги оствариме неговите замисли“ – вели фудбалерот на Македонија ЃП, Арби Воша, притоа дополнувајќи:

„Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и се е можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“.

Се вчитува...