Арбреша Реџепи ги заврши настапите на ЛОИ: Поразена на стартот во категоријата до 52 килограми

Македонската џудистка Арбреша Реџепи го заврши настапот на Летните олимписки игри во Токио уште во првата рунда во категоријата до 52 килограми.

Подобра од нашата џудистка во првата рунда борби беше Британката, Челси Џил која со ипон ја совлада Реџепи. За квалитетот на британската џудистка кажува тоа што таа ќе се бори за медал, откако во тешка борба во четвртфиналето загуби од домашната претставничка.

Реџепи е единствена македонска претставничка на вториот ден од игрите во Токио.

Претходно, вчера Борјан Бранковски заврши на 21. место во квалификациите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушен пиштол со нов национален рекорд, а пливачот Филип Деркоски беше последен во квалификациите на трката на 400 метри слободно.

Се вчитува...