Македонската олимпијка Арбреша Реџепи поради близок контакт со заразен (позитивен случај) на КОВИД – 19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на Летните олимписки игри во Токио, информираат од Македонскиот олимписки комитет.
Со самото тоа Арбреша Реџепи, поради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Инаку, Реџепи во првото коло на олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА