Арда Ѓулер неочекувано дрско кон Чаби Алонсо: „Слободно кажете му го тоа…“

Неколку европски клубови покажуваат повеќе од сериозен интерес за младиот турски фудбалер Арда Ѓулер, кој одигра одлично европско првенство ова лето.

Токму по настапите на ЕВРО 2024 извесно е дека ќе остане во Реал Мадрид, што е негова основна желба, иако последниве денови активно во трката за него се вклучи и Чаби Алонсо и Баер Леверкузен.

Но, изненадувачки Алонсо преку агентот доби повеќе од дрзок одговор на темата – Арда Ѓулер.

„Ќе останам во Реал Мадрид, слободно кажете му го тоа на секој што ќе праша за мене“ – наводно му порачал Ѓулер на Чаби Алонсо, а пренесуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...