Арда Туран и официјално нов член на Башакшехир

Турскиот интернационалец Арда Туран и официјално ја напушти Барселона и потпиша договор со лидерот во турското првенство, тимот на Башакшехир. Ова го потврди и каталонскиот клуб, кој напоменува дека Арда Туран се согласил да игра како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа неговиот договор да биде целосно откупен и за наредните две години.

Арда Туран не се снајде најдобро во редовите на Барселона, каде мина две и пол сезони. Дојде како големо засилување од Атлетико Мадрид, но не се избори за стандарден првотимски статус. Тој одигра 55 натпревари во дресот на каталонскиот гигант и освои шест трофеи.

 

Се вчитува...