Турскиот интернационалец Арда Туран ќе остане во редовите на Барселона и следната сезона, и покрај најавите за негов трансфер во Англија, односно Италија. Офанзивниот играч за врска одлучи да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за место во тимот, откри неговиот агент Ахмет Булут.
„Нема ништо од заминувањето на Арда Туран од Барселона. Тој останува во клубот, бидејќи има актуелен договор до 2020 година и сака да остави белег во овој тим. Ќе се труди да избори место во стартниот состав под раководство на новиот тренер Ернесто Валверде“, изјави агентот на Арда Туран.
За него сериозен интерес појавија Арсенал и Интер, но најверојатно таков трансфер нема да се случи ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА