Арда Туран се враќа за дербито со „неговиот“ Атлетико Мадрид

Атмосферата во таборот на Барселона значително се подобри откако Реал Мадрид го загуби синоќешниот дуел со Валенсија, па „кралевите“ имаа бод повеќе и само еден натпревар помалку во однос на каталонскиот гигант. Многу работи во трката за титулата во Примера ќе зависат од претстојниот викенд, во кој Барселона му гостува на Атлетико Мадрид, а Реал е гостин на Вилјареал, но добра вест за тренерот Луис Енрике е што повторно ќе може да смета на услугите на Арда Туран.

Турскиот ас ги пропушти последните неколку натпревари на својот тим, но во последните два дена тренираше со полна пареа, па сигурно ќе биде во комбинација за настап против поранешниот клуб. Каталонските медиуми најавуваат дека Туран би можел да биде дури и стартер, и тоа да го заземе местото на Андре Гомеш, кој игра катастрофално лошо на последните натпревари.

Хавиер Маскерано почна со тренинзи со остатокот од тимот, но не успеа да се рехабилитира навреме за да може да настапи на големото дерби на „Висенте Калдерон“.

Се вчитува...