Ардијан Лимани нов играч на Шкендија

Шкендија го промовираше 29-годишниот дефанзивец Ардијан Лимани за нов играч. Лимани потпиша двегодишен договор со тетовските „црвено-црни“.

Лимани својата кариера играше за Дрита Гњилане, а настапуваше и за Фероникели. Тој веќе сорабутваше со тренерот Ардијан Нухиу во Дрита.

„Убаво е чувството да бидам дел од Шкендија, клбу со историја и тим кој се когаш се бори за титула. Можев да видам дека тимот има многу верни навивачи „Балисти“ кои го сакаат клубот и сакаат тимот да освојува трофеи. Амбициите на тимот ме натераа да дојдам тука“, рече Лимани.

Се вчитува...