Екипата на Шкупи, веднаш по обезбедениот прволигашки статус и за следната сезона, денеска го продолжи договорот со актуелниот тренер Ардијан Нухиу.
Нухиу ќе го води тимот од Чаир и во следните две сезони…
„Продолжувањето на договорот ме мотивира уште повеќе за работа во следниот период. Изминатава сезона ја исполнивме целта со опстанокот во Првата лига. Верувам дека сега стартуваме проект за многу посериозен Шкупи. Веќе сме во разговори со неколку играчи кои би можеле да го засилат нашиот тим во новата сезона“ – истакна Нухиу веднаш по потпишувањето на договорот со новиот директор на клубот, Омер Буњаку.
Продолжување на договорот со Шкупи денеска потпиша и капитенот Суад Зендели. А, од прволигашот од Чаир ги демантираа и гласините дека Бесир Исени го напушта клубот.
Исени, согласно шпекулациите, се поврзува со трансфер во редовите на Работнички, но од Шкупи велат дека Исени има уште две години договор со тимот од Чаир, кој сигурно ќе го испочитува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА