Македонскиот боксер Ардијан Рустемовски освои сребрен медал на Балканското првенство кое викендов се одржува во Лозница.
По пет претходно бронзени одликувања досега, Ардијан Рустемовски го донесе првиот сребен медал за Македонија на шампионатот. Во финалето загуби од Украинецот Максим Зименко со прекин во третата рунда.
Македонија се уште има надеж и за балканска шампионска титула. Денеска во финалето на Балканското првенство ќе настапат и сеноирите Ален Рустемовски и Ружди Рустемовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА