Мајсторката од големото финале во АБА-лигата меѓу Црвена Звезда и Партизан ќе може да продолжи дури откако ќе биде испразнета целата сала „Пионир“, одлучиле официјалната лица, а пренесува ТВ Арена Спорт, која врши директен пренос од натпреварот.
Судиите во текот на мечот неколку пати ги предупредија навивачите, а на стартот од третиот период трчајќи се упатија кон соблекувалните откако фановите почнаа да фрлаат со тврди предмети кон нив по еден очигледен прекршок на Калиниќ над Лесор.
Одлуката е јасна – нема да има кошарка додека има навивачи на трибините, а арената почна да се праазни за што побрзо да бидат создадени услови за мајсторката да продолжи.
Во моментот на прекинот резултатот беше израмнет, 39-39.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА