Голманот на Пари Сен Жермен, Алфонсо Ареола на интересен начин го најави својот трансфер во Премиер-лигата. Сопругата на Французинот на инстаграм објави фотографија од Лондон, каде парот купил куќа со што се подгреаја шпекулациите дека тој ќе премине во Челси.
Френк Лампард не е задоволен од учинокот на Кепа Аризабалага и гледа да се откаже од услугите на најскапиот голман во историјата. Очигледно Ареола најверојатно е договорен за негова замена, а во игра се и Јан Облак и Марк Андре Тер Штеген.
Ареола сезонава беше на позајмица во Реал Мадрид. За „кралевите“ запиша само четири настапи, но се радуваше на трофејот во Ла лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

