Микел Артeта полека, но сигурно го враќа Арсенал онаму каде што припаѓа. По долги години мачење лондонскиот тим повторно е во игра за место кое води во Лигата на Шампионите, но се чини дека најдоброто од „топчиите“ допрва доаѓа.
Младиот тим ветува, а само „делови од сложувалката“ го делат од атак на првите места во Премиерлигата. Едно од нив е напаѓач каде како опција се јавуваше Душан Влаховиќ, но откако Србинот се одлучи за Јувентус, погледите на Артета се насочени кон три други фудбалери.
Станува збор за Дарвин Нуњез од Бенфика, соиграчот на Елиф Елмас, Виктор Осимен и фудбалерот на Челси, Армандо Броја. Како топ опција се јавува 22-годишниот Уругваец од португалското првенство кој во 33 настапи оваа сезона постигна 26 гола, додека најефтина опција е Албанецот од лондонскиот ривал, кој сезонава игра во топ-форма на позајмица во Саутемптон.
За ангажман на овие тројца Арсенал има неколку „противници“ во европските гиганти, но доколку избори место во Лигата на Шампионите за следната сезона, и доколку се земе во предвид младиот состав и финансиското ослободување по заминувањето на Обамејанг јасно е дека Арсенал ќе биде топ дестинација ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА