Лионел Меси не доби повик за натпреварите на репрезентацијата на Аргентина против Чиле и Колумбија на 6 и 10 септември. Ова се светските квалификации за шампионатот во 2026. Причината е што легендата се уште не е опоравена од повредата со која се здоби во финалето на Копа Америка пред повеќе од еден месец.
Меси не ни тренираше целосно, поради што светските шампиони нема да ризикуваат со негово вклучување во составот.
Надвор од списокот на тренерот Лионел Скалони е и Пауло Дибала , но тоа е од чисто спортски и технички причини. Меѓу повиканите е и напаѓачот на Лацио, Тати Кастејанос.
#SelecciónMayor El entrenador Lionel #Scaloni realizó una nueva convocatoria de cara a la doble fecha 🇨🇱🇨🇴 de eliminatorias de septiembre.
¡Estos son los citados! ¡Vamos Selección! pic.twitter.com/xjlDrwcfzg
— 🇦🇷 Selección Argentina ⭐⭐⭐ (@Argentina) August 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

