Аргентина без Меси во продолжение на Копа Америка?

Фудбалската репрезентација на Аргентина прва обезбеди четвртфинале на Копа Америка, но тамошните навивачи и стручниот штаб се загрижени поради повредата на нивната прва ѕвезда Лионел Меси.

Бранителот на титулата Аргентина победи на воведните два натпревари, 2-0 против Канада и 1-0 против Чиле, со што го обезбеди четвртфиналето и првото место во групата А. Поради овој факт, Лионел Меси најверојатно ќе биде одморен на последниот меч против Перу, а тоа секако ќе се случи поради повредата што ја заработи на дуелот против Чиле.

„Против Чиле издржав до крајот на теренот, иако почувствував болка во бутниот мускул, во последната фаза од мечот. Не можев да се движам како што сакав, се чувствував непријатно на теренот“, изјави Меси.

Се вчитува...