Новиот селектор на Аргентина, Лионел Скалони без најголемите ѕвезди во составот ќе игра на двете престојни пријателски натпревари против Ирак и против Бразил.
Скалони, кој беше асистент на Хорхе Сампаоли на Мундијалот во Русија, кој објави списокот репрезентативци за престојните два натпревари а на него ги нема најголемите ѕвезди, Лионел Меси, Анхел Ди Марија, Игуаин, Агуеро…
Улогата на главни ѕвезди во тимот ќе ја преземат напаѓачите на Интер и Јувентус, Икарди и Дибала. Токму Икарди беше изоставен од списокот на Сампаоли за Светското првенство во Русија, што според многумина беше најголемата грешка на аргентинскиот селектор.
Аргентина против Ирак игра на 11. октомври, а големото дерби на гости со Бразил е закажано за 16. октомври.
#SelecciónMayor El entrenador Lionel Scaloni dio a conocer la lista de convocados para los amistosos ante Irak y Brasil en Arabia Saudita. pic.twitter.com/VKORZRh3Wd
— Selección Argentina ?? (@Argentina) September 28, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА