Еден од претендентите за титула на Светското првенство во Катар, Аргентина потфрли на стартот на големиот собир. Шокот на Аргентинците им го приреди Саудиска Арабија кој славеше по целосен пресврт во второто полувреме.
„Гаучостите“ во Катар стигнаа како шампиони на Јужна Америка во низа од 36 натпревари без пораз, предводени од легендарниот Лео Меси, но веќе денеска им се заканува испаѓање од Мундијалот.
Аргентина денеска мора да слави против Мексико (20 часот), а потоа во последното коло да го потврди пласманот во следната фаза во мечот со Полска. Меси и соиграчите денеска мораат да стигнат до трите боди бидејќи реми и само еден бод и покрај тоа што ќе ги остави во игра за место во разигрувањето сериозно ќе ги намали нивните шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА