Аргентина му се реваншираше на Бразил за поразот на Копа Америка (ВИДЕО)

Аргентина му се реваншираше на Бразил за поразот во полуфиналето од Копа Америка, откако го совлада со 0-1 во пријателски натпревар кој се играше во Саудиска Арабија.

Како и секој натпревар меѓу најголемите јужноамерикански ривали и првото полувреме од одвој меч ни донесе несекојдневни ситуации. Прво Габриел Жезуз во 10. минута не искористи пенал за Бразил, додека три минути подоцна истото му се случи и на Лионел Меси, но имаше среќа по интервенцијата на Алисон топката повторно да стигне до него и да постигне гол за 0-1.

Во вториот дел мируваа мрежите на двете страни, а Аргентина успеа да победи во натпреварот кој само на хартија може да се нарече пријателски.

Се вчитува...