Аргентина оди кон финале: Алварез се „прошета“ низ одбраната на Хрватска и стрела за 2-0 (ВИДЕО)

За само пет минути после првиот гол, Аргентина постигна и втор против Хрватска и сега води 2-0, што значи дека се блиску до финалето.

Откако во 34. минута Меси од пенал го совлада Ливаковиќ, Алварез одлично се прошета низ дефанзивата на Хрватите, мина тројца противнички играчи, имаше и малку среќа, но на крајот ја смести во мрежата. 

Водство од 2-0 за Аргентинците кои ја носат Меси и другарите до финале. Но, Хрватска ќе сака по рецептот на Холандија да се вратат во мечот, иако досега не направија ништо пред голот на Мартинез.

Се вчитува...