Ракометарите на Бразил дојдоа до втората победа на Светското првенство, и пренесуваат сигурно два бода во следната фаза на Мундијалот, откако претходно ја совладаа Норвешка. Португалија вечерва ќе има шанси да пренсе четири бодови, ако ја совлада Норвешка.
Бразилците до вториот триумф дојдоа совладувајќи го лесно составот на САД со 31-24 и со право важат за најголемиот хит на првенството. Хакбарт со осум гола беше најефикасен, после него следувашет Матос со седум. Кај Американците, Стромберг беше најдобар со шест голови.
Во следната фаза како третопласирана селекција се пласираше Аргентина која ја совлада селекцијата на Бахраин со 26-25. Иако важеа за благи фаворити пред мечот, сепак ракометарите на Бахраин потфрлија во првиот дел, каде имаа негатива од пет гола разлика, а во вториот дел не успеаја да стигнат.
Ракометарите на Германија имаа само проблеми по првиот дел во дуелот со Чешка, кој заврши со егал. Затоа во вториот дел Германците стигнаа до третиот триумф на првенството од 29-22, и на крајот пренесуваат четири бодови.
Ушинс со осум гола беше најдобар на теренот, додека кај Чешка Солак постигна седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

