Аргентина ќе биде сериозно ослабена за претстојниот циклус од квалификациите за СП 2026, откако Лаутаро Мартинез се приклучи на листата повредени играчи кои нема да можат да настапат на дуелите со Бразил и со Уругвај.
Одличниот голгетер беше најавен како сигурен стартер откако Лео Меси поради повреда отпадна од комбинација за мартовскиот квалификациски двомеч. Сепак, тој на вчерашниот тренинг заработил незгодна повреда, поради што е решено Лаутаро веднаш да се врати во Италија и во Милано да ја почне рехабилитациската програма за што поскоро да се врати на терените.
Покрај Меси и Мартинез, селекторот Скалони не може да смета ниту на Пауло Дибала, како и на Џивани ло Целсо и на Гонзало Монтиел. Добра вест за „гаучосите“ е што тие имаат удобна предност на врвот на табелата и обезбеден пласман за СП 2026.
Лаутаро Мартинез е третиот фудбалер на Интер кој поради повреда се повлекува од репрезентативен настап во пресрет на овие натпревари, откако претходно истото го сторија и Маркус Турам и Дензел Дамфрис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА