Аргентина потврди: Меси и компанија ќе учествуваат на Копа Америка

Копа Америка треба да започне за седум дена, а познато е дека турнирот ќе се игра во Бразил. Овој турнир првично беше планиран да се игра во Аргентина и Колумбија, но ова се промени поради лошата состојба на коронавирусот во овие земји.

На крајот беше донесена одлука Копа Америка да се игра во Бразил, иако состојбата со коронавирусот не е сјајна ниту во оваа земја. Деновиве се шпекулираше дека некои репрезентации не сакаат да играат на ова издание на Копа Америка од безбедносни причини.

Медиумите во Јужна Америка објавија дека Бразил и Аргентина не сакаат да играат на Копа Америка иако се главни фаворити за освојување на турнирот. Сепак, седум дена пред почетокот на натпреварувањето, Фудбалскиот сојуз на Аргентина потврди дека ќе играат на Копа Америка.

Аргентинците денес објавија дека ќе бидат дел од Копа Америка поради спортскиот дух и конкуренцијата, бидејќи од организаторите добија гаранции дека сè ќе биде подготвено во најдобар ред.

 

 

 

Се вчитува...