Освојувачот на Копа Америка, репрезентацијата на Аргентина го освои новото издание на „реновираното“ натпреварување во кое играат шампионите на Јужна Америка и Европа наречено „финалисима“.
Гаучосите во финалето славеа над европскиот шампион Италија со 0-3. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме. Прво Лаутаро Мартинез на асистенција на Лионел Меси донесе водство за Аргентина од 0-1 во 28. минута. Анхел ди Марија во првата минута од судиското надополнување зголеми на 0-2. Конечните 0-3 во 94. минута ги постави Пауло Дибала.
Аргентина ја очекуваат сега подготовки за Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар, додека Италија мора да размислува на создавање на нова генерација бидејќи не успеаја да се квалификуваат на втор мундијал во низа, откако во полуфиналето од баражот беа поразени од репрезентацијата на Македонија.
Првиот погодок на Аргентина можете да го погледнете на следниот линк.
Вториот погодок на Аргентина можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

