Фудбалерите на Аргентина први се заканија на првиот полуфинален натпревар против Хрватска. Енцо Фернандез во 25. минута шутираше од 25 метри, но Ливаковиќ со парада успеа да спаси, иако прашање беше дали топката ќе завршеше во голот ако не интервенираше хрватскиот голман.
Ја нема никаде опасната офанзива на Аргентина во првите 28 минути од средбата. Хрватска со посед го чува својот гол. И двете селекции не сакаат премногу да грешат за да не дозволат опасност по својот гол.
Одбраната на Хрватите засега има повеќе работа, но добро ги чистат сите опасности од аргентинските фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА