Аргентина со триумф над Катар во последен момент до четвртфинале

Репрезентацијата на Аргентина во последен момент се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка откако во третото коло од Групата Б славеше со 0-2 против Катар.

Мартинез со погодокот во 4. минута го најави триумфот, кој беше заокружен од Агуеро во 82. минута.

 

Во вториот натпревар од групата Колумбија славеше со 1-0 против Парагвај па како првопласирана селекција од оваа група патува во четвртфиналето. Стрелец за победата на Колумбијците беше Густаво Куељар во 31. минута од средбата.

Се вчитува...