Аргентина убедлива против Гватемала во последната контрола пред Копа Америка (ВИДЕО)

Актуелниот светски и континентален шампион Аргентина, со убедлив триумф од 1-4 над Гватемала го заврши својот подготвителен период пресрет новото издание на Копа Америка.

Мечот беше отворен со автогол на Лисандро Мартинес за водство на Гватемала од 0-1, а потоа следуваше пресвртот и убедливата победа на Аргентинците. Лионел Меси со два гола и една асистенција беше предводник на светскиот шампион, а останатите два гола беа дело на Лаутаро Мартинез.

Копа Америка почнува во ноќта меѓу 20. и 21. јуни.

Се вчитува...