Аргентина „заглави“ во Венецуела, Луис Енрике го спаси Бразил (ВИДЕО)

Фудбалерите на Венецуела и Аргентина одиграа нерешено 1:1 во 9. коло од квалификациите за Светското првенство.

На мечот во Матурин „гаучосите“ наидоа на силен отпор од домаќините, кои беа подобри во вториот дел кога го постигнаа израмнувачкиот гол.

Аргентина поведе во 13. минута кога стоперот Николас Отаменди одлично реагираше. Соломон Рондон имаше шанса за Венецуела во 40. минута, потоа Руљи го одбрани неговиот удар, но не и во 65. минута. По еден одличен центаршут со глава ја зафрли топката зад голманот на Аргентина за конечни 1:1.

Аргентина имаше шанса да израмни преку Лионел Меси во 73. минута, но Рафаел Ромо го одбрани ударот на ѕвездата на аргентинската репрезентација.

Бразил беше поуспешен на гостувањето кај Чиле, кој ги освои трите бода, но во последен момент.

Чиле рано поведе во втората минута преку Едуардо Варгас, но Бразил ќе израмни пред самиот крај на полувремето.

Се играше првата минута од судиското надополнување кога Игор де Круз постигна гол за 1:1. Победата за Бразил ја донесе Луис Енрике во 89. минута по одличен соло продор, кога со прецизен удар ја испрати топката во долниот лев агол.

Боливија ја совлада Колумбија со 1-0, еодека Еквадор и Парагвај ремизираа играјќи без голови.

Се вчитува...