Аргентина жали по уште еден поранешен селектор

Аргентинците се уште се завиени во тага по смртта на Диего Армандо Марадона, а денеска оваа земја загуби уште една фудбалска легенда – почина Алехандро Сабелја губејќи ја повеќемесечната битка со тешката болест.

Сабелја е селекторот што ја одведе Аргентина до последното мундијалско финале, она на СП 2014 кога „гаучосите“ предводени од Меси по продолженија загубија од Германија со 0-1.

Само за потсетување, Диего Армандо Марадона беше предводник на Аргентина на претходниот мундијал во Јужна Африка, каде „гаучосите“ беа елиминирани во четвртфиналето од Германија со убедливи 0-4.

Се вчитува...