Минималната победа над Интер не го намали незадоволството во таборот на Барселона од настапите на каталонскиот гигант. Притисокот врз Ернесто Валверде е огромен, а секој нов „кикс“ ќе значи и ризик од отказ за стратегот што освојува титула во „Ла Лига“, но носи разочарувања во Лигата на шампионите.
Аргентинецот Марсело Галјардо е главен фаворит за негов наследник, откако раководството на Барса веќе стапило во контакт со овој стратег. Станува збор за стручњак што со Ривер лани успеа да стигне до титулата во Копа Либертадорес, сезонава повторно атакува на истиот трофеј, со тренерскиот потенцијал привлекувајќи го вниманието на неколку европски гиганти.
Директорите на Барселона оствариле првичен контакт, двете страни се заинтересирани да дојде до соработка, но барем засега став на Каталонците е дека Валверде треба да добие уште една шанса да успее да го врати тимот во победнички ритам и да го намали заостанувањето зад Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА