Аргентински фудбалер тврди дека го киднапирале вонземјани: „Ти ја вадат душата и ја анализираат…“

Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Густаво Лоренцети раскажа приказна во која неговиот соиграч Гилермо Марино тврдел дека закаснал на тренинг поради тоа што го киднапирале вонземјани.

Тоа се случило пред повеќе од десет години додека заедно играле во аргентинскиот фудбалски гигант.

„Ни даде детално објаснување на тоа што се случило. Има случаи кога некои од фудбалерите ќе измислат цели приказни зошто не дошле на тренинг. Но, Гилермо воопшто не е таков лик, напротив коректен и посветен на фудбалот. Сите го знаевме како таков“ – раскажува Лоренцети и дополнува:

„Искрено, и јас верувам во вонземјани. Тој почна да ни раскажува дека неочекувано го киднапирале. Ни објасни дека му ја извадиле душата, ја анализирале и за цело време на патувањето во некој брод внимавале добро на него. Даде толку детално објаснување што сите му верувавме. Ако сакате потврда на оваа приказна слободно побарајте го и тој ќе ви објасни уште подобро. Во секој случај – го киднапирале вонземјани“.

Се вчитува...